Италијанскиот фудбалски стратег Карло Анчелоти ќе мора до мај да донесе одлука дали сака да ја преземе фудбалската репрезентација на Бразил. Бразилската конфедерација го информирала дека нема да го чека подолго.
Одамна не е тајна дека фудбалските челници на Бразил сакаат да го доведат Анчелоти, а гласините постојано го поврзуваат 65-годишниот стратег со петкратниот светски шампион. Сепак, тој никогаш јавно не изјавил дека има намера да го напушти Реал Мадрид.
Неодамнешните извештаи од Шпанија сугерираат дека Анчелоти ќе го напушти „кралскиот клуб“ на крајот на сезоната.
„ОК Диарио“ пишува дека ЦБФ стапила во контакт со агентот на Анчелоти по натпреварот од Суперкупот на Шпанија и јасно му порачале дека конечната одлука од славниот тренер се очекува до мај.
Доривал Жуниор е моментно селектор на репрезентацијата на Бразил, но неговите резултати во квалификациите за Светското првенство се неконзистентни, поради што федерацијата сè уште бара посигурни алтернативи со фокус на СП 2026.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













