
Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан беше уапсен неодамна под обвинение за трговија со дрога, но подоцна беше пуштен на слобода под одредени услови. Фудбалерот, кој од неодамна игра за второлигашот Локерен-Темсе, го даде своето прво интервју.
„Ме испрашуваа четири часа. Ми рекоа дека ќе ја поминам ноќта во притвор. Беше како да го апсат Пабло Ескобар, а јас немам никаква врска со оваа приказна за дрога, која е поврзана со еден мој пријател“, изјави поранешниот играч на Интер и на Рома.
„Не ми поставија ниту едно прашање поврзано со дрога. Единствено сакаа да знаат каква е мојата врска со споменатиот човек“, додаде фудбалерот.
„Влегувањето зад решетки беше нешто што не сакам да го доживеам повторно. Ме претставија како нарко-дилер“, рече Наинголан.
„Нинџата“ е познат по честите прекршувања на законот. Во есента 2022 година тој беше приведен во Антверпен за возење без возачка дозвола. Пет години претходно, пак, беше фатен како вози во алкохолизирана состојба.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
