Велазерими по голема битка успеа да слави со 1-2 на гостувањето во Охрид, растурајќи ја „забавата“ на охриѓани за камбекот во втората лига. Во тврд меч без многу шанси беа постигнати три гола, од кои оној третиот во самиот финиш од мечот, кога Ибраими со удар со глава им донесе три бода на гостинските фудбалери.
Кадино исто така имаше неуспешно деби во овој ранг на натпреварување откако новиот второлигаш имаше водство од 1-0, но на крајот загуби од Лабуништа со 1-2.
Пелистер рутински триумфираше пред своите гледачи над Вардар Форино со 3-0, а Дрита по голема битка дојде до големи три бода на гостувањето против Гостивар (3-4). Во последниот натпревар од првото коло во Втората лига – Запад, Кораби и Скопје ремизираа 2-2.
фото: ohridnews.com
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













