
Фудбалерите на Брегалница се соочија со проблеми, но одговорија на предизвикот на стартот од новата сезона во Втората лига – Исток, триумфирајќи со 2-4 на гостувањето против Плачковица. Домашните фудбалери двапати водеа, со 1-0 и 2-1, но квалитетот на Брегалница беше пресуден, па со головите на Велинов, Миленковски, Георгиев и Настевски штипјани заслужено стигнаа до цел плен.
Тиквеш може да жали што не стигна до трите бода на гостувањето против Кожуф. Кавадарчани имаа бројни шанси, ја погодија и гредата, но домаќините неочекувано стигнаа први до водство, па Тиквеш едвај спаси бод со голот на Шиков.
Беласица славеше со 3-0 на домашен терен против Кит-Го, прашањето на победникот решавајќи го уште во првиот дел, што заврши 2-0 за струмичани. Осогово беше изненаден на домашен терен губејќи со 1-3 од Питу Гули, додека Победа ја почна сезоната со домашна победа над Саса со 2-1.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Јасмин Мециновиќ го засили Работнички

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал
