Connect with us

Беше најголемо промашување во Барса, а сега има фудбалска експлозија во ПСЖ

Трансферот на Oсман Дембеле од Борусија Дортмунд во Барселона се смета за еднo од најголемите промашувања во историјата на фудбалот. Каталонците во 2017 година за тогаш 20-годишниот француски крилен напаѓач платија дури 135 милиони евра, што беше трет најголем трансфер на сите времиња.

Иако Дембеле имаше навидум солидна статистика во Барселона со 40 голови и 43 асистенции на 185 натпревари, не успеа да најде континуитет и да стане лидер на тимот, што се очекуваше од него. Покрај тоа, во шесте сезони во Барса имаше многу проблеми со повреди и со физичката подготовка.

Поради тоа, Барселона летото 2023 година го продаде во Пари Сен Жермен за 50 милиони евра, но неговата прва сезона таму исто така беше разочарувачка. На 42 натпревари постигна само шест голови.

Сепак, оваа сезона, а особено во 2025 година, Дембеле игра неверојатно. Синоќа постигна два гола против Монако во победата од 4-1 во 21. коло од Лига 1, што беше негов 13-ти гол во последните седум натпревари оваа година. Дембеле постигна гол на секој од тие седум натпревари, а минатата недела дури имаше два хет-трика – против Брест во првенството и против Штутгарт во Лигата на шампионите.

Вкупно, 27-годишниот Дембеле оваа сезона има 21 гол и пет асистенции на 27 натпревари, што значи дека во просек учествува во барем еден гол по натпревар. Со ваков Дембеле, ПСЖ доминира во француското првенство, каде што сè уште нема пораз.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови