Тренерот на Баер Леверкузен, Чаби Алонсо, побара од своите играчи да вложат последен голем напор и да ја завршат исцрпувачката серија од девет натпревари со победа. Тимот на „аспирините“ ќе гостува кај Волфсбург во Бундес-лигата в сабота, што ќе биде деветтиот натпревар на тимот во сите натпреварувања од 10 јануари, кога беше продолжена сезоната во Германија по зимската пауза.
„Утре е важен момент во сезоната, затоа што потоа ќе имаме различна динамика. Нема да имаме натпревари на секои три дена“, изјави Алонсо на прес-конференција.
„Утре е последниот голем напор во овој интензивен период. Ќе дадеме сѐ од себе и сме целосно концентрирани. Атмосферата во тимот е добра. Стигнавме до полуфиналето во Купот на Германија, но за нас Бундес-лигата е најважен турнир и сега имаме тежок натпревар на гости“, додаде Алонсо.
Шпанецот им даде одмор на некои од своите играчи во четвртокот за време на натпреварот за Купот на Германија против Келн, со цел да ги задржи свежи за натпреварот во лигата во сабота.
Неговата екипа, која ја освои титулата минатата сезона без пораз, моментно е на второто место, шест бода зад лидерот Баерн Минхен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













