Connect with us

Фиорентина одигра за Едоардо Бове и го уништи Интер за половина час (ВИДЕО)

Фиорентина го совлада Интер со убедливи 3-0 во натпреварот што вечерва беше доигран, откако првично беше прекинат на 1 декември минатата година. Дуелот беше стопиран по само 17 минути игра, кога Едоардо Бове колабираше на теренот поради срцев удар. За среќа, тој се опорави и го избегна најлошото, иако сè уште не се вратил на фудбалските терени.

Лука Раниери во 60. минута донесе предност за Фиорентина, а осум минути подоцна Моис Кин ја зголеми на 2-0.

Напаѓачот погоди уште еднаш во 89.минута и го постави конечниот резултат во завршницата од мечот.

Со овој триумф, Фиорентина се искачи на второто место со 42 бода, додека Интер останува второпласиран со 51 бод.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови