
Реал Мадрид се вклучува во битката за играчот од средниот ред на Реал Сосиедад, Мартин Зубименди. Шпанскиот и европскиот шампион минатото лето ја одби можноста да го доведе, иако Ливерпул беше подготвен да ја плати неговата ослободителна клаузула.
Минатиот месец, водечките англиски медиуми објавија дека Арсенал веќе постигнал договор со Зубименди, а лондончани биле уверени дека во летниот преоден рок тој ќе стане нивен играч.
Тогаш се тврдеше дека менаџерот на Арсенал, Микел Артета, одиграл клучна улога во убедувањето на играчот.
Сепак, нови информации од новинарот на „Атлетик“, Марио Кортегана, кој е близок до Реал Мадрид, сугерираат дека клубот од „Сантијаго Бернабеу“ сè посериозно размислува за негов ангажман. Според изворот, „кралскиот клуб“ го гледа Зубименди како потенцијален наследник на Тони Крос. Ова може да ги искомпликува плановите на Арсенал.
Судбината на Зубименди ќе зависи од неговата одлука, бидејќи сите заинтересирани клубови, вклучително и Манчестер Сити, се подготвени да ја активираат неговата клаузула од 60 милиони евра. Тоа значи дека нема да има потреба од преговори со Реал Сосиедад.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
