Мемфис Депај е осуден на четири месеци условна затворска казна поради возење во алкохолизирана состојба во Монако. Холандскиот напаѓач бил запрен од полицијата на 6 август 2024 година додека управувал Ролс-Ројс, а според извештајот, во неговата крв биле измерени 1,01 промил алкохол.
Условната казна значи дека ќе стапи на сила само ако го повтори прекршокот, а судот во Монако дополнително го казни со 2.000 евра и му изрече двегодишна забрана за возење во Кнежевството.
Депај ги признал обвиненијата и се извинил во моментот на апсењето, но не присуствувал на изрекувањето на пресудата. Има рок од две недели за поднесување жалба.
Депај досега има настапувано за ПСВ, Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона и Атлетико Мадрид. Во септември 2024 година потпиша за бразилскиот Коринтијанс, каде на 18 натпревари постигна седум гола и запиша четири асистенции.
Најдобрите моменти од кариерата ги имаше во Лион, каде на 178 натпревари постигна 76 гола и додаде 55 асистенции. Во сезоната 2014/15, со 22 погодоци, беше најдобар стрелец на холандското првенство. Во кариерата има освоено осум клупски трофеи, а за холандската репрезентација има постигнато 46 гола на 98 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













