
Поранешниот капитен на Барселона, Жерар Пике, го прозва Реал Мадрид по жалбата на „кралскиот клуб“ за арбитражата во Ла Лига. Тимот се пожали на судиите по натпреварот со Еспањол преку својата клупска телевизија, а исто така испрати и отворено писмо до Шпанската фудбалска федерација.
„Она што го прават не е ништо ново, тие се однесуваат на овој начин веќе 120 години. Кога ќе загубат, ја менуваат темата и добиваат помош од медиумите. Сите сме навикнати на тоа“, изјави Пике.
Тој не застана тука и ја коментираше трансферната политика на двата шпански гиганти.
„Сè уште има многу таленти кои играат во Шпанија денес, Барселона ги создава, а Реал Мадрид ги купува“, додаде поранешниот репрезентативец.
Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 49 бода, Атлетико е второпласиран со 48, а Барселона се наоѓа на третата позиција со 45 бода.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
