Connect with us

Баер Леверкузен се извлече од бездната и се пласира во полуфиналето на Купот

Баер Леверкузен продолжува со одбраната на трофејот во Купот на Германија, откако се извлече од сензационална елиминација од Келн. На крајот, тимот на Чаби Алонсо по продолженија славеше со 3-2 и се пласира меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.

Но, драмата се случуваше во регуларниот тек, кога Патрик Шик со гол во 96.минута успеа да израмни на 2-2.

Келн дојде во водство преку Даунс во 20.минута, а Маина во 54. зголеми на 0-2.

Патрик Шик постигна гол за надеж во 61.минута, а потоа до крајот Баер бркаше израмнување. И повторно погоди Патрик Шик во 96.минута, носејќи го мечот во продолженија.

Виктор Бонифејс во 98.минута беше стрелец на погодокот што го одведе Баер Леверкузен до нов успех.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови