
Њукасл е во финалето на Лига Купот на Англија. „Чавките“ повторно славеа против фаворизираниот Арсенал и си обезбедија место на „Вембли“. Таму ќе ги чека победникот од второто полуфинале меѓу Тотенхем и Ливерпул.
По победата од 0-2 во Лондон, вечерва на „Сент Џејмс Парк“ Њукасл повторно славеше со ист резултат.
Иако во последно време забележаа два изненадувачки порази од Фулам и Борнмут, фудбалерите на Еди Хау од самиот почеток тргнаа на победа. Исак погоди во четвртата минута, но голот беше поништен поради офсајд. Сепак, по петнаесет минути, Марфи го совлада голманот Раја и го доведе Њукасл во водство од 1-0.
Во второто полувреме, Гордон имаше одлична шанса за 2-0, која првично ја пропушти, но потоа успеа да ја затресе мрежата и да ја потврди победата на својот тим.
Реваншот меѓу Тотенхем и Ливерпул ќе се одигра на „Енфилд Роуд“. По првиот натпревар, „петлите“ имаат предност од 1-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
