
Тренерот на Клуб Бриж, Ники Хејен, беше избран за тренер на годината во Белгија на традиционалните награди во земјата, кои беа доделени на церемонија во хотелот „Силт де Миделкерке“, јужно од Остенде.
За фудбалер на годината од белгиските играчи во странство беше прогласен Шарл де Кетеларе, кој имаше неверојатна сезона со Аталанта и го освои трофејот во Лига Европа. Тој во гласањето ги надмина Кевин Де Бруин и Лоис Опенда од РЛајпциг, освојувајќи ја својата прва „Златна копачка“ на белгискиот избор.
Најголемата доминација, сепак, беше во женскиот фудбал, каде што Теса Вулерт ја освои „Златната копачка“ на Белгија по рекорден петти пат. Фудбалерката на Интер собра 200 поени, оставајќи ја на второто место нејзината соиграчка од „нероаѕурите“, Мари Детрие, која имаше 102 поени. Трета беше Сари Кес, која летово премина од Левен во женскиот тим на Лестер, собирајќи 50 поени.
Кај мажите, Де Кетеларе собра 516 поени, откако во европската кампања на Аталанта постигна два гола и асистираше за уште два во 11 натпревари. Тој зад себе ги остави Де Бруин со 438 поени и Опенда со 237. На само 23 години, напаѓачот има пет гола и пет асистенции во 22 натпревари за Аталанта во сезоната 2024/25, како и четири погодоци и пет асистенции во Лигата на шампионите досега.
По две последовни победи на Де Бруин, најновата млада ѕвезда на Белгија доби признание на 71-то издание на наградите за фудбалер и тренер на годината.
Наградата за најдобар голман ја освои чуварот на мрежата на Клуб Бриж, Симон Мињоле, кој ја добива по петти пат во својата кариера. Неговиот соиграч Ханс Ванакен, пак, по третпат беше избран за најдобар фудбалер во белгиското првенство, по 2018 и 2019 година.
Најинтересна е приказната на Ники Хејен, кој на 18 март ја презеде тренерската функција во Бриж, откако „сино-црните“ заостануваа сериозно на табелата. Поранешниот дефанзивец, кој главно беше асистент-тренер и предводник на вториот тим, ја доби работата како привремено решение, но не само што ја анулираше разликата, туку и ја освои шампионската титула, иако Бриж заостануваше девет бода зад Ројал Унион Сен Жил пред почетокот на плејофот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Томче Гроздановски потпиша за романскиот тим Конкордија

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра
