
Хари Кејн игра одлично во дресот на Баерн Минхен, постигнува голови и се надева дека конечно со овој тим ќе го освои првиот трофеј во кариерата.
Германскиот „Билд“ ексклузивно објави детали од договорот на Хари Кејн со Баерн Минхен и откри дека Англичанецот оваа зима можел да го напушти клубот.
Кејн во својот договор со Баерн има клаузула според која во штотуку завршениот зимски преоден рок можел да замине за 80 милиони евра, но ниту еден клуб не ја искористил оваа опција или не знаел за неа.
Наводно, ниту самиот Кејн не сакал во овој момент да го напушти Баерн, бидејќи е среќен во Минхен и сака уште да игра за германскиот гигант.
Сепак, „Билд“ пишува дека клаузулата ќе биде активна и следната зима, кога сумата за еден од најдобрите напаѓачи во светот ќе биде уште пониска.
Тогаш откупната клаузула ќе изнесува 65 милиони евра, што значи дека Баерн би можел да остане без својата главна ѕвезда, а многумина сметаат дека ова отвора можност за негово враќање во Премиер – лигата, каде што претходно настапуваше за Тотенхем.
Тотенхем го продаде Кејн на Баерн за 95 милиони евра во летото 2023 година, а оттогаш Англичанецот одигра 72 натпревари, постигна 70 голови и забележа 22 асистенции.
Според „Билд“, Баерн веќе се подготвува за можниот замин на Кејн и неодамна водел преговори со раководството на Лајпциг за трансфер на Словенецот Бењамин Шешко.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
