
Новата аквизиција на Јувентус, Рандал Коло Муани, се покажа како одлично засилување за „старата дама“. Веќе во своите први натпревари, францускиот репрезентативец ја покажа својата неверојатна класа и почна да постигнува гол по гол, со веќе три погодоци на своето конто. Сепак, тој е само на позајмица во Торино од Пари Сен Жермен, па клубот допрва треба да одлучи дали ќе го задржи на подолг рок. „Газета дело Спорт“ открива какви се можностите за тоа да се случи.
Во договорот меѓу двата клуба нема клаузула за откуп, што значително ги компликува работите, бидејќи ќе бидат потребни нови преговори со ПСЖ за потенцијален трансфер. Спортскиот директор на „бјанконерите“, Кристијано Џунтоли, веќе има план како да постапи.
Првата опција што ќе ја понуди на францускиот клуб е продолжување на позајмицата на Коло Муани до 2026 година, но овој пат во договорот да биде вклучена и откупна клаузула во вредност од 45 милиони евра.
Цената на 26-годишниот напаѓач значително падна во последната година, откако тој се пресели од Ајнтрахт Франкфурт во ПСЖ за 90 милиони евра. Во моментов, неговата вредност се проценува на околу 65 милиони евра, но Јувентус не може да ја плати таа сума, особено затоа што клубот веќе издвои 30 милиони евра за трансферот на Давид Ханцко од Феенорд летово.
Сепак, во Јуве имаат резервен план ако ПСЖ не се согласи на оваа понуда. Торинците ќе се надеваат дека ќе добијат значителна сума од евентуалната продажба на Душан Влаховиќ, што би им дало поголема финансиска флексибилност и можност директно да го откупат Коло Муани.
Ако Јувентус не успее да го ангажира францускиот напаѓач, клубот не ја исклучува можноста повторно да се обиде да го донесе Виктор Осимен од Наполи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
