
Преснел Кимпембе за првпат по речиси две години одигра натпревар за ПСЖ. Дефанзивецот влезе како замена за Вилијан Пачо во 81. минута од натпреварот против Ле Ман (2-0) во осминафиналето од Купот на Франција. Последен пат тој беше на теренот пред точно 709 дена – на 26 февруари 2023 година, во дуел против Олимпик Марсеј.
„Долги месеци работа, сомнежи, жртви… но никогаш откажување. Се вратив посилен, поодлучен. Горд сум што повторно играм во овие бои, со овој тим, за овој клуб. Приказната продолжува“, истакна Преснел Кимпембе.
Кимпембе речиси 1,5 година се опоравуваше од скината Ахилова тетива, а во август 2024 година, откако се врати во заеднички тренинзи со тимот, повторно се повреди за време на тренинг.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Бетис лесно ја надигра Џирона (ВИДЕО)

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А

Евро-фудбал
Ако Реал денеска загуби, Анчелоти ќе добие отказ
