Connect with us

Динамо Загреб го продаде Петар Сучиќ во Интер за 14 милиони евра

Динамо Загреб го продаде Петар Сучиќ во Интер, објавија хрватските медиуми, еден ден пред крајот на зимскиот преоден рок. Сучиќ подоцна оваа недела ќе ги заврши лекарските прегледи и ќе потпише договор со Интер, но ќе остане на позајмица во Динамо до крајот на актуелната сезона.

Италијанскиот гигант ќе му исплати на хрватскиот шампион 14 милиони евра фиксна отштета, плус два милиони евра можни бонуси и засега непознат процент од следната продажба.

Сучиќ помина низ младинската школа на Искра од Бугојно, беше дел од Зрињски и сега е член на Динамо Загреб. Од летото 2023 година е дел од првиот тим на актуелниот хрватски шампион, а на 60 настапи постигна пет гола и запиша четири асистенции.

Динамо летово одби понуди од италијанскиот калчолигаш Комо за Сучиќ, а подоцна беше поврзуван со Борусија Дортмунд.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови