Connect with us

Гвардиола: Манчестер Сити не смее да си дозволи ваков колапс

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го доживеа најтешкиот пораз во својата кариера, откако неговиот тим беше поразен со 1-5 од Арсенал на „Емирати“ во натпревар од Премиер – лигата.

По натпреварот, Гвардиола изјави дека жали за последните 25 минути од мечот, кога тимот го загуби фокусот и заборави на тактичките задачи кои ги исполнуваше во првите 65-70 минути. Тој истакна дека, иако натпреварот започна тешко, неговите играчи успеале да се вратат и да играат добро до израмнувањето на 1-1. Сепак, по вториот примен гол, тимот не успеал да одговори на притисокот на Арсенал и доживеал колапс.

„Се случува во текот на целата сезона, им даваме премногу на ривалите, иако знаеме дека не треба да се случува, но сепак се случува“, изјави Гвардиола.

Гвардиола нагласи дека, и покрај резултатот, тимот одиграл добар натпревар и дека е тешко да се разбере тоа со оглед на конечниот исход. Тој исто така посочи дека тимот мора да остане стабилен и да не го губи контролата, бидејќи натпреварите траат 90-95 минути. Според него, не е прифатливо да се заврши играта на начинот на кој тоа се случило, и дека тимот мора да остане стабилен без разлика на околностите.

„Ова мора да се надмине, не смееме да ја изгубиме контролата, натпреварот трае 90-95 минути. Не е можно да ја завршиме играта на начинот на кој тоа го направивме. Можевме да постигнеме уште три гола, но тимот мора да остане стабилен, без разлика што ќе се случи“, заврши Гвардиола.

По овој пораз, Манчестер Сити остана на четвртото место на табелата, со ист број на бодови како и петтопласираниот Њукасл, но со подобра гол – разлика.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови