Connect with us

Матета го нокаутира Јунајтед на „Олд Трафорд“, Тотенхем конечно победи (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед претрпе ново разочарување на „Олд Трафорд“, губејќи со 0-2 од Кристал Палас во 24. коло од Премиер – лигата. Дуелот меѓу двата тима од средината на табелата заврши во корист на гостите, кои ги казнија слабостите на „црвените ѓаволи“.

Жан-Филип Матета беше херој за Кристал Палас, откако погоди во 64. минута, а во завршницата на натпреварот го постави конечниот резултат со својот втор гол.

Тотенхем конечно ја прекина серијата од четири последовни порази, славејќи со 0-2 на гостувањето кај Брентфорд. Витали Џанелт во 61. минута си постигна автогол, а Папе Сар го запечати триумфот на „петлите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови