Баерн Минхен оствари очекувана победа против Холштајн Кил славејќи со 4-3 на „Алијанц арена“. Баварците дадоа четири гола, а во финишот се опуштија и примија дури три.
Џамал Мусијала го отвори резултатот, потоа Хари Кејн постигна два гола, а мрежата на гостите ја погоди и Серж Гнабри. Но, потоа Холштајн Кил намали преку Порат, а Скрибски постигна два гола во судиското продолжение.
Борусија Менхенгладбах славеше на гости со Штутгарт со 1-2, а Борусија Дортмунд го победи Хајденхајм на гости со 1-2. Фрајбург триумфира (0-1) на гости против Бохум, а Сент Паули и Аугсбург одиграа 1-1.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal