Connect with us

Аталанта го доведе Даниел Малдини

Аталанта официјално го ангажира Даниел Малдини. „Бергамаските“ ќе платат 10 милиони евра на Монца за трансферот на италијанскиот репрезентативец.

Договорот на Малдини ќе трае до летото 2029 година.

23-годишниот фудбалер минатото лето прејде во Монца од Милан за 5 милиони евра. Во текот на сезоната одигра 20 натпревари во Серија А и постигна три гола.

Неговите добри настапи му донесоа повик во италијанската репрезентација, каде што веќе забележа три настапи за „аѕурите“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови