Нејмар се врати во својот матичен клуб Сантош по 11 и пол години откако беше продаден на Барселона. Клубот го објави трансферот со емотивно видео во кое Нејмар се обраќа на клупската икона Пеле и на навивачите. Во пораката, Нејмар изразува носталгија за времето поминато во Сантош и гордост што повторно ќе го носи дресот со број „10“, кој има големо значење за клубот и за светот.
Во својот прв период во Сантос, 32-годишното офанзивец одигра 225 натпревари, постигна 136 голови и асистираше за 64 погодоци. Со клубот освои три трофеи, Копа Либертадорес, Рекопа Судамерикана и Купот на Бразил.
По заминувањето од Сантош, Нејмар играше за Барселона, потоа прејде во Пари Сен Жермен за рекордни 222 милиони евра, а последно го носеше дресот на саудискиот тим Ал-Хилал.
Неговото враќање во Сантош е посебен момент за клубот и неговите навивачи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













