Настапот на првиот голман на Арсенал, Давид Раја, во дербито против Манчестер Сити во недела сè уште е неизвесен, откри менаџерот на тимот, Микел Артета. Шпанскиот чувар на мрежата го пропушти натпреварот во Лигата на шампионите оваа недела поради мускулна повреда, а неговото учество ќе зависи од тоа како ќе се чувствува во следните 48 часа.
„Ривалството со Манчестер Сити е сосема нормално – два тима кои сакаат да победат, ништо повеќе. Триумфот би ни дал голем поттик. Секогаш е посебно кога ќе добиете голем натпревар, тоа носи дополнителна енергија.
Сè уште не е сигурно дали Давид Раја ќе биде подготвен. Има мускулна повреда. Утре имаме уште еден тренинг, а потоа 48 часа до натпреварот. Ќе видиме“, изјави Шпанецот, кој исто така откри дека Бен Вајт сè уште не тренира со тимот и ќе го пропушти неделното дерби.
Артета одби да ја коментира одбиената понуда на Арсенал за напаѓачот на Астон Вила, Оли Воткинс, но не ја сокри намерата на клубот да донесе нов напаѓач пред затворањето на трансфер прозорецот.
„Нема да зборувам за конкретни имиња. Активно бараме решение за таа позиција. Ќе видиме што ќе ни донесе пазарот“, истакна менаџерот на Арсенал.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal