
Силекс го претрпе првиот пораз на подготовките во Анталија и втор вкупно во рамки на зимските подготовки.
Денешниот натпревар против словачкиот Ружомберок заврши со убедлив пораз од 0-3 за избраниците на Александар Васоски. Тренерот повторно ја искористи можноста да ги ротира сите фудбалери кои му беа на располагање.
Досега, кратовци одиграа нерешено со Пахтакор и Нефчи, додека пред патувањето во Турција загубија од второлигашкиот лидер Македонија ЃП. До крајот на подготовките ги очекуваат уште два натпревари, против АСК Воитсберг и Железничар.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski
Advertisement
Advertisement

Евро-фудбал
ПСЖ урна 33 години стар рекорд на Милан
