Фудбалерите на Манчестер Јунајтед изборија пласман во осминафиналето на Лигата на Европа со победа од 0-2 против ФЦСБ во Букурешт. Ова беше нивни петти последователен триумф во натпреварувањето, што им обезбеди место во следната рунда од третата позиција.
Иако првото полувреме заврши без голови, избраниците на Рубен Аморим во вториот дел ја презедоа иницијативата. Со голови на Диого Дало и Коби Мејну во рок од осум минути, Јунајтед дојде до значајна победа, оставајќи ја ФЦСБ без директен пласман во осминафиналето. И покрај неколкуте добри шанси на романскиот тим, реализацијата беше клучниот фактор, па сега ќе мора да бараат пласман преку баражот.
Ајакс, исто така, се пласира во следната фаза на Лигата на Европа со победа од 2-1 против Галатасарај. По трите последователни порази, холандскиот тим немаше простор за грешка и ја искористи шансата.
Бертран Траоре го отвори резултатот во 23. минута, откако претходно Виктор Осимен промаши голема шанса за Галатасарај. Турскиот тим се обиде да одговори, но откако Габриел Сара не успеа да погоди, Кијан Фирц-Џим во 60. минута го постави конечниот резултат, обезбедувајќи му на Ајакс повластена позиција за ждрепката.
Атлетик Билбао триумфираше со 3-1 против Плзен и како второпласиран тим се пласираше во осминафиналето. Нико Вилијамс го отвори резултатот во 25. минута, а Јерај Алварез во второто полувреме ја потврди победата. Гостите од Чешка накратко ја намалија предноста преку Милан Хавел, но Хавиер Мартон со гол во 95. минута ја осигура победата на Баските.
Рома, пак, на „Олимпико“ го совлада Ајнтрахт Франкфурт со 2-0, продолжувајќи во следната фаза како дел од 24-те најдобри екипи. Анхелињо ја донесе предноста на римјаните во последната минута од првото полувреме, а Елдор Шомуродов во 69. минута го запечати триумфот. Овој пораз го турна Ајнтрахт на шестата позиција, бидејќи нивните директни ривали остварија победи.
Глазгов Ренџерс со победа од 2-1 против Ројал Унион обезбеди директен пласман во осминафиналето. Никола Раскин во 21. минута ги доведе „полицајците“ во водство, а Вацлав Черни во 55. минута го удвои резултатот. Белгискиот тим намали преку Кевин Мекалистер во 84. минута, но немаше доволно време за комплетен пресврт.
Тотенхем триумфираше со 3-0 против Елфсборг, враќајќи се на победнички патеки по лошата форма во Премиер – лигата. Екипата на Анге Постекоглу ги искористи киксовите на Ајнтрахт и на Лион, и сега се наоѓа на четвртото место со добри шанси за напредок.
Од друга страна, Бешикташ загуби од Твенте со 1-0 и остана без можност за пласман во следната фаза, додека Бодо/Глимт одигра 1-1 против Ница и ќе мора да игра дополнителни натпревари за место во осминафиналето.
Лион, иако избори пласман во Топ 8, не остави добар впечаток, ремизирајќи 1-1 против веќе елиминираниот Лудогорец. Највозбудливо беше во Данска, каде Фенербахче со реми 2-2 против Мидтјиланд го освои последното, 24. место за нокаут-фазата.
Натпреварите беа исполнети со драма и изненадувања, а сите тимови сега го насочуваат фокусот кон ждребот за следната рунда.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal