
Матис Тел, крилниот напаѓач на Баерн и еден од најталентираните офанзивци во Европа на негова возраст, изненади со барањето трансфер од клубот кој го доведе пред две и пол години од Рен за 20 милиони евра. Оттогаш, вредноста на Тел порасна на 30 милиони евра, но во Баерн не е задоволен бидејќи не игра редовно.
Оваа сезона Матис Тел има 14 настапи, но само четири како стартер. Веста дека е на пазарот толку млад и квалитетен играч со 83 настапи, 16 голови и 7 асистенции за Баерн предизвика еуфорија кај англиските клубови.
Челси веќе преговара со него, Тотенхем исто така го сака во својот тим, а Манчестер Јунајтед побарал од Баерн да го пушти на позајмица на „Олд Трафорд“.
Во секој случај, Тел заминува од Баерн, од чии навивачи се прости по синоќешната победа над Слован Братислава во Лигата на шампионите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
