
Хрватскиот првак Динамо Загреб го победи Милан со 2-1 на „;Максимир“, но, сепак, не успеа да обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. „Модрите“ останаа на 25.место на табелата, веднаш зад оние клубови кои се пласираа понатаму.
Мартин Батурина во 19.минута го доведе Динамо Загреб во водство, но Кристијан Пулишиќ израмни во 53.минута. Марко Пјаца го донесе триумфот со голот во 60.минута.
Манчестер Сити со пресврт славеше против Клуб Бриж со 3-1. Онједика во 45.минута го шокираше „Етихад“, но Матео Ковачиќ израмни во 53.минута, а Ордонез во 62.минута си постигна автогол за пресврт. Конечниот резултат го постави Савињо во 77.минута.
Бенфика го победи Јувентус во Торино со 0-2, со головите на Павлидис и на Кокчу и се протна во плејофот од ЛШ. Спортинг Лисабон одигра 1-1 против Болоња, доволно исто така за плејоф.
Реал Мадрид славеше со 0-3 на гости против Брест. Родриго беше двоен стрелец, а погоди и Џуд Белингам.
Ливерпул по петте победи на стартот, го доживеа првиот пораз (3-2) на гости кај ПСВ Ајндховен. Бакајоко, Саибари и Пепи беа стрелци за ПСВ, а за Ливерпул погодија Гакпо и Елиот.
ПСЖ го победи Штутгарт на гости со 1-4, Осман Дембеле постигна хет-трик, а првиот гол беше дело на Бредли Баркола.
Лил го декласира Феенорд со 6-1, Арсенал славеше против Џирона со 1-2, а Баерн Минхен го победи Слован Братислава со 3-1.
Барселона и Аталанта одиграа 2-2, а Астон Вила го победи Селтик со 4-2. Баер Леверкузен го победи тимот на Спарта Прага со 2-0, а Интер славеше против Монако со 3-0. Штурм победи против Лајпциг со 1-0, а и Црвена Звезда се прости со триумф (0-1) против Јанг Бојс на гости.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski