Струга ТЛ и Кизилжар одиграа нерешено 0-0 денеска во Анталија во пријателски натпревар. Ова беше четвртиот контролен дуел за македонскиот шампион на подготовките во Турција и втор натпревар кој заврши без победник. Според информациите од клубот, Струга ТЛ имала неколку добри прилики за гол, но не успеала да ја затресе мрежата на казахстанскиот тим.
Досегашниот ефект на Струга ТЛ во Анталија вклучува реми со Дебрецен (0-0), победа над Корона (1-0) и пораз од Рубин (0-1).
Покрај пријателските натпревари, тренерот Ќатип Османи се фокусира на интензивни тренинзи за да ја подготви екипата за предизвиците што следуваат во пролетниот дел од сезоната.
Пелистер и Новаци исто така одиграа натпревар без голови на тестот во Охрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













