
Јувентус стапил во контакт со поранешниот играч и тренер на Барселона, Чави Хернандез, објави ексклузивно францускиот дневен весник „Л’Екип“.
Според информациите на изданието, претставници на „бјанконерите“ оствариле неофицијални разговори со шпанскиот стратег, кој пред два дена наполни 45 години и моментно е без ангажман.
„Л’Екип“ истакнува дека, според нивните извори од Италија, ова не значи дека Чави веднаш е планиран како замена за сегашниот тренер Тијаго Мота. Јувентус само сакал да си остави отворени можности за иднината, вклучувајќи и контакти со други слободни тренери, каков што е Шпанецот.
Ова сепак може да биде предупредувачки сигнал за Мота, кој го претрпе својот прв пораз во Серија А овој викенд во дербито со Наполи. Јувентус, кој моментно е на петтата позиција, има неверојатни 13 ремија досега оваа сезона, поради што заостанува 16 бодови зад „партенопеите“, кои се лидери на табелата.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
