
Поранешниот белгиски репрезентативец Раџа Наинголан е уапсен во Антверпен како дел од акција против трговијата со дрога, објавија локалните власти. Уапсениот бил приведен утрово, кога полицијата извршила претреси на околу 30 локации во Антверпен и Брисел.
Истражителите истражуваат мрежа за шверц на дрога преку пристаништето во Антверпен.
Наинголан, кој сега има 36 години, пред само неколку дена потпиша договор со белгискиот второлигаш Локерен-Темсе.
Ова е барем трет пат „Нинџата“, како што го нарекуваат фудбалерот, да биде уапсен. Во есента 2022 година, тој беше приведен во Антверпен поради возење без возачка дозвола, а пет години претходно беше фатен како управува возило под дејство на алкохол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
