
Младиот фудбалер на Барселона, Гави, требаше да влезе во игра како резерва на натпреварот против Валенсија, но самиот тој побарал од тренерот Ханси Флик наместо него да му даде шанса на Пабло Торe, кој ретко добива минутажа. Ова го откри Флик по убедливата победа од 7-1.
Гави не беше во стартниот состав и остана на клупата за резерви, а Флик имал план да го вклучи во игра во текот на второто полувреме, слично како што направи и со Роберт Левандовски.
„Многу ми се допадна тоа што го направи Гави“, изјави германскиот стратег. „Разговарав со него да го пуштам да игра последните 15 минути. Но, тој ми рече: ‘Тренеру, пушти го Пабло Торe.’ Ова беше прекрасно, убаво е кога гледате вакви гестови.“
Заедно со Пабло Торe, во второто полувреме Ханси Флик им даде шанса и на други резерви, како Жерар Мартин, Пау Виктор и Хектор Форт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal