Бразилскиот напаѓач Нејмар ќе ја напушти Саудиска Арабија и клубот Ал-Хилал, за да ја продолжи својата кариера во Сантош. Според бразилските медиуми, постигнат е целосен договор, Нејмар го посакува овој трансфер, и наскоро тоа ќе стане официјално.
Неодамна тренерот на Ал-Хилал, Жорже Жезус, потврди дека клубот нема да го регистрира Нејмар за вториот дел од првенствената сезона во Саудиска Арабија.
„Тој веќе не може да игра на нивото на кое сме навикнати“, изјави Жезус.
Скапо платениот бразилски напаѓач ќе имаше право да настапува само во азиската Лига на шампиони.
Нејмар ја започна својата кариера како играч на Сантош, а од 2013 до 2017 година играше за Барселона, со која освои сè што можеше. Во трансфер вреден 222 милиони евра, во 2017 година премина во Пари Сен-Жермен, каде петпати стана шампион на Франција. Минатата година Ал-Хилал го ангажираше за 90 милиони евра.
Поради повреда на лигаментите, Нејмар за саудискиот клуб одигра само седум натпревари и постигна еден гол. Под договор е до крајот на јуни, но изгледно е дека ќе се врати во татковината и во првиот клуб во својата кариера. Во текот на кариерата, за клубовите и репрезентацијата, постигна 439 голови на официјални натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













