
Ливерпул оствари очекувана победа против Ипсвич на домашен терен славејќи со 4-1. „Црвените“ разрешија сѐ во првото полувреме кога постигнаа три гола. Шобошлаи го доведе Ливерпул во водство, Салах зголеми на 2-0, а Гакпо беше стрелец на третиот гол.
Во вториот дел, Гакпо уште еднаш се запиша на листата на голгетерите, а Гривс во 90.минута постигна почесен гол за Ипсвич.
Арсенал минимално го победи Вулверхемптон на гости со 0-1. Рикардо Калафиори го донесе триумфот во 74.минута од мечот.
Борнмут го декласира Нотингем Форест со 5-0, а хет – трик постигна Данго Уатара. Њукасл славеше на гости против Саутемптон со 1-3. Двоен стрелец беше Александер Исак, а погоди и Сандро Тонали.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем
