
Искусниот играч на Баерн Минхен, Џошуа Кимих веќе некое време се поврзува со заминување од клубот, но Германецот сè уште е дел од баварскиот гигант. Сепак, прашање на време е кога тоа би можело да се промени.
Кимих, кој како младинец почна во Штутгарт, рано премина во Лајпциг, по што Штутгарт го врати назад и го продаде на Баерн за само пет милиони евра во 2015 година. Во изминатите речиси 10 години, тој се издигна во еден од најдобрите и најкорисните играчи на Баерн, како и еден од најценетите фудбалери на светско ниво.
Со Баерн освои буквално сè, стана капитен на германската репрезентација, но сега е во последните шест месеци од договорот, кој истекува на 30 јуни оваа година. Барселона и Реал Мадрид се свесни за оваа ситуација и активно се обидуваат да го доведат Кимих во своите редови.
Баерн е свесен дека заминувањето на Кимих е блиску, но клубот има интересен план – предлог за размена со Реал Мадрид. Баерн е подготвен веднаш да го испрати Кимих во Мадрид, но за возврат го бараат младиот талент Арда Ѓулер, кој неодамна привлече големо внимание со својот талент и настапите за Фенербахче, а сега настапува за Реал Мадрид.
Интересот на Баерн за Ѓулер не е нов. Клубот го следи турскиот играч од минатата сезона, кога тој покажа огромен потенцијал. Иако е многу млад, Ѓулер веќе е цел на неколку големи европски клубови, а Баерн е еден од најзаинтересираните.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
