
Францускиот шампион Пари Сен Жермен конечно го реши проблемот кој го блокираше трансферот на Рандал Коло Муани во Јувентус. Имено, клубот не можеше да регистрира нова позајмица бидејќи веќе имаше шест фудбалери од првиот тим на заем.
За да ја надмине оваа пречка, ПСЖ одлучи да го раскине договорот со дефанзивецот Хуан Бернат, кој моментално играше на позајмица во Вилјареал. Претходно, клубот се обидуваше да го продаде Шер Н’дур, кој настапува за Бешикташ како позајмен играч, но договорот не се реализираше.
По оваа одлука, трансферот на Коло Муани во Јувентус е официјално финализиран. Францускиот напаѓач ќе го носи дресот на „старата дама“ до крајот на сезоната, без опција за траен откуп.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
