
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, не беше задоволен од својот тим по поразот од Пари Сен Жермен со 2-4 во Лигата на шампионите. Тој ја призна супериорноста на францускиот тим во секој аспект. Сега, „граѓаните“ се ставени до ѕид и ќе мора задолжително да го победат последниот натпревар против Клуб Бриж следната недела за да ги задржат надежите за пласман во елиминациската фаза.
„Тие беа подобри, побрзи, ги добиваа дуелите и имаа играч повеќе на средината од теренот. Не можевме да се носиме со нивната брзина. Подобриот тим победи. За нас останува последната надеж дома против Бриж. Се надевам дека ќе успееме да се пласираме. Натпреварот воопшто не се разви како што посакувавме. Честитки за ПСЖ, затоа што тие се фантастичен и неверојатен тим. Требаше подобро да ја контролираме топката, но не успеавме“, смета Гвардиола.
„Не заслуживме да победиме. Откако поведовме, требаше подобро да го контролираме резултатот, а ние тоа не го направивме. Можно е и да испаднеме. Ако не го победиме последниот натпревар, тоа значи дека не заслужуваме повеќе. Немаме доволно бодови и треба да го прифатиме тоа. Сега е важно брзо да се опоравиме и да се подготвиме за натпреварот со Челси“, додаде Шпанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукман сака да се пресели во Премиер – лигата

Евро-фудбал
Родриго доаѓа на позајмица во Тотенхем?
