
Аталанта ја забележа својата четврта победа во годинешното издание на Лигата на шампионите, совладувајќи го Штурм со убедливи 5-0. Екипата на Џанпјеро Гасперини доминираше во текот на целиот натпревар, освојувајќи ги трите бода и зголемувајќи го својот вкупен учинок на 14 бода во елитното натпреварување.
Резултатот беше отворен од Матео Ретеги во 12. минута, додека останатите голови паднаа во второто полувреме. Марио Пашалиќ го удвои водството во 58. минута, а потоа Шарл де Кетеларе го постигна третиот гол. Серијата ја заокружија Лукман и Брешианини со погодоци во самиот финиш на натпреварот.
Во друг натпревар, Монако успеа да дојде до важна победа против Астон Вила со минимални 1-0 на домашен терен. Единствениот гол го постигна дефанзивецот Вилфрид Синго уште во осмата минута од натпреварот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
