
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, го скршил телевизорот во соблекувалната на тимот во напад на гнев.
Според „Атлетик“, менаџерот на „црвените ѓаволи“ не можел да го задржи гневот додека остро ги критикувал своите играчи по поразот од 1-3 против Брајтон. За време на говорот, тој го оштетил големиот монитор во просторијата.
Неколку извори запознаени со ситуацијата откриле дека телевизорот бил користен за анализирање на тактиките пред натпреварите.
По инцидентот, мониторот ќе мора да биде испратен на поправка.
Од клубот истакнуваат дека ваква реакција е невообичаена за Рубен Аморим. Португалскиот стратег обично останува смирен по натпреварите, претпочитајќи да ја анализира ситуацијата трезвено следниот ден.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
