
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, изјави дека не чувствува никаков притисок пред утрешниот натпревар со Манчестер Сити во Лигата на шампионите. Според него, овој меч доаѓа во тежок момент за двата тима.
„Да чувствувам притисок? Не, зошто? Им давам одмор на играчите во согласност со нивната физичка состојба. Сакаме да бидеме професионалци и да го одиграме натпреварот на највисоко ниво“, рече Шпанецот на прес-конференцијата.
„Сакавме да бидеме поефикасни во одредени моменти, вистина е, но има и позитивни работи, како нашата ментална состојба“, додаде тој.
„Ова ќе биде посебен натпревар, не само поради двата тима, туку и затоа што ќе видам пријател со кого поминав многу години заедно како играч и тренер. Голема радост е да го видам повторно. Она што нè поврзува е идејата за фудбалот. Мислам дека никој не се сомнева во нашата фудбалска филозофија, преку која сакаме да бидеме подобри од противникот со топката“, изјави Луис Енрике за Гвардиола.
„Сити прави многу тактички промени, менува позиции“, истакна тренерот, кој ги загуби натпреварите во Лигата на шампионите против Арсенал, Баерн Минхен и Атлетико Мадрид.
Сепак, според него, и ПСЖ може да понуди различни варијанти.
„Ова е натпревар што доаѓа во тежок момент за двата тима поради ситуацијата на табелата“, смета тој.
„Се надевам дека најважниот меч сезонава нема да биде овој со Сити, туку натпревар понатаму во турнирот или финалето за трофејот. Тоа е мојата надеж“, додаде тренерот на ПСЖ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
