
Раководството на Барселона бара нов напаѓач кој би можел да го замени Роберт Левандовски од следната сезона, а меѓу потенцијалните имиња се споменува и Душан Влаховиќ од Јувентус, објави каталонскиот „Спорт“.
Влаховиќ постигна 12 гола на 24 натпревари за Јувентус од почетокот на сезоната, а во целокупниот период во италијанскиот клуб има 53 гола на 125 натпревари во последните три години.
Поради неговите квалитети, Барселона го гледа српскиот напаѓач како можно засилување за тимот од следната сезона. Договорот на 24-годишниот напаѓач истекува во 2026 година, што може да биде предност за каталонскиот клуб ако истиот не биде обновен пред летото.
Англиските клубови Арсенал и Челси, исто така, се споменуваат како заинтересирани страни за потписот на Влаховиќ.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
