Ерлинг Халанд неодамна потпиша десетгодишен договор со Манчестер Сити, одлучувајќи дека неговата иднина ќе биде поврзана со „Етихад“. Меѓутоа, Пеп Гвардиола сега сака да обезбеди уште една клучна ѕвезда за долгорочниот проект на клубот, тоа е Фил Фоден.
Фоден блесна во последниот натпревар против Ипсвич, постигнувајќи два гола, со што направи импресивен камбек по разочарувачкиот старт на сезоната. Овој 24-годишен фудбалер постигна пет гола во последните три настапи во Премиер – лигата.
Имајќи предвид дека неговиот тековен договор истекува во 2027 година, јасно е дека Манчестер Сити сака да го задржи Фоден на подолг рок.
Пеп Гвардиола го пофали Фоден, истакнувајќи ја неговата неверојатна работна етика и талент.
„Не треба да го напушти Манчестер Сити. Тука може да игра многу години и да ја заврши својата кариера“, рече менаџерот на Сити.
Тој исто така нагласи дека Фоден сега повторно ужива во играта, по потешкотиите на почетокот на сезоната, кои биле нормални за играч со неговата кариера.
Фоден, кој е на иста возраст како и Холанд (24), сега има уште повеќе причини за оптимизам во иднината со Манчестер Сити. „ГРаѓаните“ се фокусираат на долгорочни договори со своите млади ѕвезди, додека истовремено доведуваат нови таленти кои ќе бидат клучни за иднината на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













