
Абдукодир Хусанов официјално беше претставен како нов стопер на актуелниот четирикратен шампион на Англија, Манчестер Сити. Младиот фудбалер, кој пристигна за отштета од 40 милиони евра од францускиот Лeнс, e првиот Узбекистанец во историјата на Премиер – лигата.
Хусанов е еден од најталентираните млади дефанзивци во светот. Многу големи клубови го посакуваа, но тој одлучи да игра под водство на Пеп Гвардиола. Лeнс ќе има фантастичeн профит од трансферот на овој млад стопер. Во летото 2023 година го купи од белорускиот Енергетик за отштета од 100.000 евра.
По само година и половина и по само 31 одигран за Ленс, Хусанов беше продаден за 400 пати поголема сума. Неговото полно име е Абдукодир Хикматович Хусанов, роден е во Ташкент, а првите фудбалски чекори ги направил во локалниот Бунјодкор. Професионално фудбал играл и неговиот татко, Хикмат Хошимов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
