
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, нагласи колку е важно неговите фудбалери да уживаат во играта. По победата со 0-6 против Ипсвич во натпревар од 22. коло на Премиер – лигата, Гвардиола изјави дека неговите играчи уживаат во фудбалот кога играат добро и кога разбираат кои се стандардите што треба да ги исполнуваат.
„Тие знаат кога играат добро, а кога не. Не зборувам само за победата или за поразот. Во нашата работа, уживањето не е само да се освојат трите бода, важно е да уживаш во играта“, изјави тој.
Тој даде пример со театар, велејќи дека не е важно дали е во Лондон или во Шефилд, туку дали луѓето во тој театар уживаат во претставата.
Гвардиола напомена дека Манчестер Сити изгубил бодови поради различни причини, најмногу поради повреди, но изрази надеж дека полека тимот ќе се врати на вистинскиот пат.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал го промовираше Еберечи Езе

Евро-фудбал
Чаби Алонсо: Немам проблеми со Родриго

Евро-фудбал
Тотенхем ги шокираше “граѓаните”
