
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алехандро Гарначо, изразил желба да го напушти клубот и да премине во Наполи, пренесува италијанскиот „Кориере дело Спорт“. Аргентинецот веќе имал разговор со тренерот на Наполи, Антонио Конте, кој бил многу убедлив во обидот да го убеди Гарначо да му се придружи.
Според извештаите, планирана e нова средба помеѓу раководството на „црвените ѓаволи“ и спортскиот директор на Наполи, Џовани Мана, со цел двете страни да се договорат околу трансферот. „Кориере дело Спорт“ додава дека Наполи е подготвен да ја зголеми својата понуда до 60 милиони евра за да го убеди Манчестер Јунајтед.
Гарначо е главна цел на Антонио Конте како замена за Kвича Кварацkелија, кој неодамна беше продаден во Пари Сен Жермен. Аргентинецот го загуби своето место во стартниот состав на Манчестер Јунајтед откако Рубен Аморим го презеде тимот, што дополнително ја зголемува веројатноста за негово заминување, доколку Наполи достави соодветна понуда.
Гарначо е привлечен од можноста да игра во Наполи, каде што верува дека ќе биде многу повеќе ценет. Наполи моментно е лидер во Серија А и има реални шанси повторно да стане шампион на Италија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
