
Осогово по заминувањето на Александар Андов од тренерската функција, денеска за нов шеф на стручниот штаб го именуваше поранешниот македонски репрезентативец Жанко Савов. Станува збор за стратег кој претходно има работено во Цементарница55, Маџари Солидарност, Борец, Тетекс, Македонија Ѓорче Петров, Победа Валандово и Детонит Радовиш како негов последен ангажман.
„По разговорот со луѓето во ГФК Осогово се решив да ја прифатам понудата. Ова раководство на клубот има добра визија со која сака Осогово да го врати на старите патеки и мислам дека се на добар пат“ – изјави Жанко Савов по потписот на договорот со второлигашот од Кочани.
Жанко Савов како играч е трикратен освојувач на титулата на Македонија со тимот на Вардар со кој на два наврати го освои и Купот, а еднаш и со тимот на Цементарница. Покрај за Вардар и Цементарница,во Македонија има настапувано и за Беласица и Пелистер. На интернационална сцена настапуваше во Јужна Кореја за тимот на Џонбука, како и за Раднички Ниш од Србија.
Задачата нема да биде нималку лесна ако се знае дека Осогово по првите четири кола нема освоено ниту еден бод, постигнувајќи само еден единствен гол.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski