Интер им се врати на победите и славеше над Емполи со убедливи 3-1 во натпреварот од 21. коло во италијанската Серија А. Актуелниот шампион го обезбеди триумфот со головите на капитенот Лаутаро Мартинез, Маркус Турам и Дензел Дамфрис.
🚨🇮🇹 GOAL | Inter 1-0 Empoli | Lautaro Martinez
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 19, 2025
WHAT A GOAL FROM LAUTARO MARTINEZ !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/4CGVFNPo2c
Емполи издржа едно полувреме, но тогаш на сцена стапи Лаутаро Мартинез, кој постигна прекрасен погодок од речиси 25 метри и донесе радост на „Џузепе Меаца“ во 55. минута.
Следуваше период на доминација од домашниот тим, неколкуте шанси во низа кулминираа со голот на Дамфрис, кој погоди со глава по изведен корнер во 79. минута, запишувајќи го својот петти првенствен погодок.
Емполи се врати со голот на младиот Себастијано Еспозито, кој е на позајмица токму од Интер, но не успеа да направи ништо повеќе.
Конечните 3-1 беа реален приказ на случувањата на теренот, а резултатот го постави Маркус Турам во 89. минута.
Интер сега има 47 бодови, три помалку од Наполи, но има и еден натпревар помалку.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal