
Раководството на Манчестер Сити размислува и за доведување на играч за врска во зимскиот трансфер период. „Граѓаните“ се соочуваат со проблеми во средниот ред, кои започнаа по тешката повреда на Родри во септември. Клубот сака да ја зајакне оваа зона, а еден од потенцијалните кандидати е Даглас Луис од Јувентус.
26-годишниот Бразилец, кој пристигна во Торино од Астон Вила летово, не успеа да се наметне кај „бјанконерите“. Манчестер Сити размислува да го земе на позајмица до крајот на сезоната. Сепак, Јувентус преферира продажба или позајмица со обврзувачка клаузула за откуп, што Сити не сака да го прифати.
Покрај Даглас Луис, англискиот шампион разгледува и други опции за зајакнување на средниот ред.
Дополнително, Манчестер Сити е блиску до ангажман на тројца нови фудбалери. Трансферите на младите дефанзивци Абдукодир Хусанов од Ленс и Витор Реис од Палмеирас се речиси договорени, како и трансферот на Омар Мармуш од Ајнтрахт. Исто така, Сити има интерес за дефанзивецот на Јувентус, Андреа Камбијасо, но трансферот е малку веројатен бидејќи италијанскиот клуб бара висока сума од околу 80 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
