
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го одреди датумот и местото на одржување на Редовно изборно генерално Собрание на Фудбалска федерација на Македонија.
Редовното изборно генерално Собрание на ФФМ ќе се оддржи на 15. март 2025 година со почеток во 10 часот во хотел „Хилтон“ во Скопје.
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука федерацијата да се откаже од 50 проценти од приходот остварен од регистрација на странски фудбалери. Приходот од кои се откажува ФФМ, ќе биде пренасочен кон Општинските фудбалски Сојузи (ОФС).
Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот за измени на членови во Одборот на тренери во Фудбалската федерација на Македонија.
Актуелниот состав на Одбор на тренери во ФФМ: Алексо Мацков, Борче Христов, Благоја Китановски, Кочо Димитровски, Менсур Јакупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Влаховиќ мора на принудна пауза

Евро-фудбал
Кевин де Бруин од следната сезона во Астон Вила?

Евро-фудбал
Ал-Хилал нуди 100 милиони евра за Рафиња

Евро-фудбал
ПСЖ урна 33 години стар рекорд на Милан

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед си бендиса јапонски голман
