
Аријон Ибрахимовиќ го напушти Баерн Минхен и се приклучи на Лацио. Тој ќе настапува за клубот од италијанската престолнина до крајот на сезоната, со опција за траен трансфер во вредност од 8 милиони евра.
Ибрахимовиќ е германски офанзивен играч, кој нема никаква врска со Златан Ибрахимовиќ. Баерн си го задржа правото на повторно откупување на играчот за 25 милиони евра доколку Лацио реши да го задржи.
𝐀𝐫𝐢𝐣𝐨𝐧 𝐈𝐛𝐫𝐚𝐡𝐢𝐦𝐨𝐯𝐢𝐜́ 📣
— S.S.Lazio (@OfficialSSLazio) January 13, 2025
Welcome, Arijon 🤝#CMonEagles 🦅 pic.twitter.com/caywxT0Mq7
„Аријон е млад фудбалер со огромен потенцијал, кој постојано напредува. Тој е дел од Баерн од својата младост. Сакаме да ги развиваме играчите како него. Секогаш се залага на тренинзите, а сега му е потребно повеќе играчко време на највисоко ниво. Ќе го следиме внимателно бидејќи има сè што е потребно“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Родениот во Германија напаѓач е дел од Баерн од 2018 година, но минатата сезона ја помина како позајмен играч во Фроsиноне, тим од Серија А.
Оваа сезона Ибрахимовиќ има само 16 минути игра за тимот на Венсан Компани.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski