
Легендарниот голман на Баерн Минхен, Мануел Нојер, изјави дека наскоро ќе го продолжи договорот со клубот, ставајќи крај на шпекулациите за неговата иднина.
Неговиот тековен договор со Баерн истекува на 30 јуни оваа година. Сепак, во изјава за германската телевизија „Спорт 1“, Нојер потврди:
„Точно е, наскоро ќе потпишам нов договор со Баерн.“
Според информациите од германските медиуми, новиот договор ќе го задржи Нојер во Баерн до 30 јуни 2026 година.
Мануел Нојер (38) е дел од Баерн Минхен од 2011 година, кога пристигна од Шалке. Оттогаш, тој има забележано 541 настап за клубот, со огромен придонес во успесите на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
